Економија Изградбата на автопатот Скопје – Штип ќе заврши во 2017 година

Изградбата на автопатот Скопје – Штип ќе заврши во 2017 година

Трасата од автопатот Скопје – Свети Николе – Штип е 90 проценти пробиена, а предвидено е целосната изградбата да заврши најдоцна до февруари 2017 година, информираше министерот за финансии, Зоран Ставрески.

Со изградбата на автопатот ќе се скрати времето на патување, што ќе влијае за подобро инфраструктурно поврзување со источниот регион и за подобрување на бизнис-климата.