Свет Балкан Изгаснат шумскиот пожар на Кипар

Изгаснат шумскиот пожар на Кипар

Пожарот кој пет дена беснееше на кипарската планина Тродос е изгаснат, соопшти денеска кипарскиот министер за земјоделство, Никос Кујалис.

Сепак, иако огнот е изгаснат, противпожарните возила и авиони продолжуваат интензивно да го надгледуваат регионот.

Како што соопшти Кујалис, пожарот уништи повеќе од 15 квадратни километри борова шума, стара околу 150 години, а при неговото гаснење загинаа двајца пожарникари.

Во гаснењето на пожарот, што избувна во неделата, учествуваа 20 „канадери“ од Кипар, Франција, Грција, Италија, Израел и од Велика Британија.