Македонија Изгаснат пожарот во Зелениково

Изгаснат пожарот во Зелениково

Фото: .МВР

Утринава нема активни пожари. информираше Центарот за управување со кризи информира/

Пожарот во општина Зелениково што избувна вчера попладне е изгаснат, а дежурна екипа на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје е присутна на местото.

Пожарот на територијата на Општина Зелениково се простираше во атарот на селата Смесница, Ново Село и Страхојадица.

Во саботата имаше 30 пожари на отворен простор од кои најтежок беше кај акопско Ајватовци.

Полицијата информираше дека во текот на вчерашниот ден Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од ЦУК за гасење на пожар кај селата Бучинци и Ајватовци, на територија на општина Илинден , упати два хеликоптери (Ми-171 и Бел-212), кои врз пожарот исфрлија околу 200 тони вода.  Пожарот е локализиран .