Главна секција Избрана новата техничка влада

Избрана новата техничка влада

Мандатот на оваа влада е да организира праведни и фер претседателски и парламентарни избори кои ќе се одржат на 24 април и на 8 мај

Фото: Собрание на РСМ

Собранието со 65 гласа „за“ и 3 „против“ ја избра новата македонска техничка влада. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, иако имаат свои министри, не гласаа за изборот на техничката влада. Двајцата пратеници од Левица, Борислав Крмов и Димитар Апасиев гласаа „против“, како и Павле Трајанов од Демократскиот сојуз.

Мандатот на оваа влада е да организира праведни и фер претседателски и парламентарни избори кои ќе се одржат на 24 април и на 8 мај.

Ова е составот на новата техничка влада на РСМ:

Талат Џафери – премиер

Славјанка Петровска – Министерство за одбрана

Панче Тошковски – Министерство за внатрешни работи

Кренар Лога – Министерство за  правда

Артан Груби – Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците

Бујар Османи – Министерство за надворешни работи

Фатмир Бесими – Министерство за финансии

Крешник Бектеши – Министерство за  економија

Љупчо Николовски – Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Фатмир Меџити – Министерство за здравство

Јетон Шаќири – Министерство за образование

Ѓоко Велковски – Министерство за труд и социјална политика

Ристо Пенов – Министерство за локална самоуправа

Бисера Костадиновска Стојчевска – Министерство за култура

Азир Алиу – Министерство за информатички систем и јавна администрација

Благој Бочварски – Министерство за транспорт и врски

Каја Шукова – Министерство за животна средина и просторно планирање

Министри без ресор – Фатмир Битиќи, Славица Грковска и Бојан Маричиќ

 

Министрите дадоа свечени заклетви во Собранието, а на досегашните министри Оливер Спасовски и на Јованка Тренчевска им престанува мандатот.

Техничка Влада се бира сто дена пред парламентарните избори на 8 мај, а две недели претходно, на 24 април, ќе се одржат претседателските избори.

Ова е трета по ред техничка влада, според Пржинскиот договор. Премиер на техничката влада во 2016 година беше Емил Димитриев, додека во 2020 беше Оливер Спасовски.

Во Собранието се бира техничката влада, ВМРО-ДПМНЕ нема да ја поддржи