Спорт Ивица Обрван останува селектор на ракометната репрезентација

Ивица Обрван останува селектор на ракометната репрезентација

Ивица Обрван останува селектор на ракометната репрезентација на Македонија и ќе продолжи да го води нашиот национален тим и на ЕП 2016 во Полска, пренесе „Макракомет“.

На вчерашниот состанок со претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, и со генералниот секретар Филип Милошевски, беше договорено неговиот ангажман да добие ново продолжение со траење до јуни 2016 година, меѓутоа со можност за продолжување.

– Задоволни сме со работата на селекторот и на заемно задоволство решивме да ја продолжиме соработката. Се надевам дека ќе донесе нови големи резултати за македонската репрезентација – изјави Филип Милошевски.