Македонија Иванов за вечерва го свика Советот за безбедност

Иванов за вечерва го свика Советот за безбедност

Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, вечерва по враќањето од официјалната посета на Египет, ќе го свика Советот за безбедност во проширен состав.

На седницата на Советот за безбедност, субјектите на системот за управување со кризи задолжени за превенција и за справување со кризната состојба, ќе ги информираат претседателот и членовите на Советот за безбедност за заканата од илегална миграција што доаѓа од територија на Европската Унија и шенген-зоната, како и за можностите за развој на заканата и за зголемување на ризиците.

Иванов го свикува Советот за безбедност откако вчера на македонска територија нелегално влегоа 1.500 мигранти преку јужната граница со Грција.