Македонија Иванов во официјална посета на Египет

Иванов во официјална посета на Египет

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, и неговата сопруга Маја од денеска престојуваат во официјална посета на Арапската Република Египет.

Иванов во Каиро ќе оствари средба со Претседателот на Арапската Република Египет Абдел Фатах Ал Сиси, а ќе се сретне и со Претседателот на Парламентот Али Абдел-Ал.

Во рамки на официјална посета на Арапската Република Египет, Иванов утре ќе учествува на Бизнис форум за презентација на инвестициските можности во Република Македонија и јакнење на економската соработка меѓу Република Македонија и Арапската Република Египет.

Ова е прва официјална посета на Претседател на Република Македонија на Арапската Република Египет.