Македонија Иванов во Брисел си го чувал јазикот, а дома доби лавина интернет-шеги

Иванов во Брисел си го чувал јазикот, а дома доби лавина интернет-шеги

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на прес-конференцијата во Брисел по лидерскиот самит посветен на бегалската криза, говореше на македонски, а неговиот советник Ивица Боцевски преведуваше на англиски јазик.

Довикувањата на претседателот Иванов кон Боцевски да дојде да преведува и неговото заминување пред Боцевски да заврши со преведот предизвикаа смеа кај собраните новинари, но и низа потсмешливи и иронични коментари на социјалните мрежи.

На брифингот за новинари, Иванов рече дека сè додека е претседател ќе си зборува на македонски јазик и дека како претседател на Македонија, ќе си го чува својот јазик.