Македонија Иванов вечерва ќе му го врачи мандатот за формирање влада на Емил...

Иванов вечерва ќе му го врачи мандатот за формирање влада на Емил Димитирев

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во 19.30 часот ќе му го врачи мандатот за состав на Влада на Емил Димитриев, информираа од кабинетот на претседателот.

Емил Димитриев, досегашен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, во четвртокот беше избран од извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за кандидат за премиер на преодната влада.

Во петокот, Никола Груевски ја депонираше својата оставка до претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, а денеска таа беше констатирана во законодавниот дом.