Македонија Иванов се сретна со Обама во Париз

Иванов се сретна со Обама во Париз

На маргините на лидерската конференција за климата, која се одржува во Париз, претседателот Ѓорге Иванов се сретнал со претседателот на САД, Барак Обама.

Двајцата претседатели разговарaле за интеграцијата на Македонија во НАТО.

Претседателот Иванов на американскиот претседател Обама му порачал дека ситуацијата со Македонија сè уште е стаус кво, односно нема никаква статусна промена во однос на НАТО и дека Македонија треба веднаш да стане полноправна членка на Алијансата.