Македонија Иванов се сретна со хрватската претседателка Грабар-Китаровиќ

Иванов се сретна со хрватската претседателка Грабар-Китаровиќ

Хрватска целосно ја поддржува Македонија на евроатланскиот пат, а поради спорот за името, земјата не може бескрајно да биде задржана на тој пат, порачала хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ по средбата со претседателот Ѓорге Иванов денеска во Загреб.

„Ние од Хрватска го поддржуваме членството на нашите соседи во ЕУ и во НАТО затоа што тоа е услов за траен мир, стабилност и за просперитет на просторот на Југоисточна Европа и на тој начин треба да се менува имиџот во светот и ова да стане простор во кој ќе се вложува и кој економски ќе напредува“, изјави хрватската претседателка.

Претседателот Ѓорге Иванов рече дека поддршката што Македонија ја добива од Хрватска во евроатлантските интеграции е од најголемо значење, како и дека земјата мора да го добие тоа што го заслужува, односно членството во ЕУ и во НАТО.

„Го отворивме прашањето за членството во НАТО, за тоа како Македонија да го добие тоа што го заслужува да биде членка на НАТО, бидејќи блокадите што досега ги имавме, укажуваат на голема фрустрираност на населението во Македонија“, изјавил Иванов по средбата.