Главна секција Иванов се обраќа само пред пратениците од ВМРО-ДПМНЕ

Иванов се обраќа само пред пратениците од ВМРО-ДПМНЕ

Почна обраќањето на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, во Собранието на Република Македонија. На свечената седница присуствуваат само пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Пратениците од ДПА и од ДУИ не се во салата затоа што не го признаваат Иванов за претседател, а пратеничката група на СДСМ не присуствува на годишното обраќање на претседателот на државата поради, како што рекоа, понижувањето на функцијата.

– Учинокот на Иванов, во неговото сторување и несторување, е најголемо девастирање и понижување на функцијата претседател на државата. Иванов избра да биде приврзок на Никола Груевски. Ние тврдевме, а проектот „Вистината за Македонија“ потврди дека изборите се нелегитимни, криминални и фалсификувани, а Иванов молчеше и за прислушувањето на 20.000 граѓани. Слика има, тон нема. Да имаше Иванов доблест, ќе поднесеше оставка уште на денот кога се потпиша Договорот од Пржино – изјави Сугаревски.