Македонија Иванов прифатил да се сретне со новинарските здруженија

Иванов прифатил да се сретне со новинарските здруженија

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов го прифатил барањето за средба кое утринава му го упатија ЗНМ, Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници, Македонскиот институт за медиуми, Советот на етика на медиумите и Институтот за комуникациски студии.

Иванов смета дека медиумите мора да се изборат за најдобрите законски решенија, кои ќе овозможат враќање на нивниот професионализам, достоинство и углед на нивната професија и дека сите институции и субјекти треба да им дадат безрезервна поддршка во тоа.

Претседателот Иванов е со став дека е неопходна согласност околу реформите во медиумската сфера бидејќи медиумите се еден од најважните столбови на демократијата во земјава, репер за нејзиниот развој и најсилниот ревизор за работењето на институциите.