Свет Балкан Иванов – Нишани: Двете земји имаат заедничка иднина

Иванов – Нишани: Двете земји имаат заедничка иднина

Претседателите на Македонија и на Албанија, Ѓорге Иванов и Бујар Нишани, оценија дека двете земји имаат заедничка иднина. Тие по деншната средба во Тирана договориле дека е потребна поинтензивна економска соработка, а со негување на добрососедските односи и со заемна доверба, ќе се обезбеди европска иднина и подобар стандард за граѓаните, но и капацитет за заеднички одговор на актуелните предизвици. Иванов изјави дека Македонија и Албанија ги обединува иднината и имаат заедничка цел – да бидат дел од Европската унија.

Нишани ја повтори поддршката за членство на Македонија во НАТО, бидејќи е во интерес на мирот, безбедноста и на стабилноста на регионот. Според него, Албанија со задоволство го очекува наоѓањето компромис и решавањето на спорот за името бидејќи тоа би го деблокирало и членството на Македонија во Алијансата.