Главна секција Иванов не му го даде мандатот на Заев оти го уривал суверенитетот

Иванов не му го даде мандатот на Заев оти го уривал суверенитетот

„Нема да го дадам мандатот на човек или партија кој има платформа за уривање на суверенитетот, интегритетот и на самостојноста на Македонија. Со темелните вредности на државата никој нема право да тргува“, рече претседателот Ѓорге Иванов на денешното обраќање пред јавноста.

– Со преговарање за постизборна платформа на туѓа држава, се загрозуваат унитарноста и суверенитетот на државата. Тоа ќе бидат катастрофални последици за иднината на државата – изјави Иванов.

Тој додаде дека „очекувал дека одредени политички партии ќе покажат државоторност и зрелост по изборите“, а наместо тоа тие „зборувале за туѓа постизборна платформа, наместо веднаш да го отфрлат лицитирањето со унитарниот карактер, идентитетот и со државните интереси“.

– Поради платаформата, заглавуваме во длабока криза, се доведуваат под прашање темелните вредности, државните интереси на Македонија и на граѓаните – изјави Иванов.

Тој додаде дека меѓународната заедница не ја осудила платформата на албанските партии, која, според него, е мешање во внатрешните работи и редифинрање на унитарноста.

– Немаше осуда, само гласен молк. Штом се воздржаа од осуда на плтаформата што го загрозува суверенитетот и унитарноста на државата, треба да се воздржат и од наметнување на решение кое е спротивно на државните интереси и со кое се уценува македонскиот народ – изјави Иванов.