Македонија Иванов на Самитот на претседатели на процесот Брдо – Бриони во Будва

Иванов на Самитот на претседатели на процесот Брдо – Бриони во Будва

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, од денеска ќе учествува на Самитот на претседатели на процесот Брдо – Бриони, кој се одржува во Будва.

Главни теми на годинешниот самит се проширувањето на Европската унија, инфраструктурните проекти и енергетската безбедност.

Како што соопштија од кабинетот на претседателот, Иванов ќе учествува на работната вечера на земјите-членки на Процесот Брдо – Бриони, ќе има обраќање на пленарната сесија на Самитот и ќе оствари средби со претседатели од регионот.

На самитот, исто така, учествуваат претседателите на Црна Гора, Филип Вујановиќ, на Австрија, Хајнц Фишер, на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, на Словенија, Борут Пахор, на Србија, Томислав Николиќ, на Албанија, Бујар Нишани, на Косово, Атифете Јахјага, како и претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Младен Иваниќ.