Македонија Иванов ќе има годишно обраќање во Собранието во 12 часот

Иванов ќе има годишно обраќање во Собранието во 12 часот

Претседателот, Ѓорге Иванов, денеска во 12 часот, ќе има годишно обраќање во Собранието на Република Македонија.

Пратениците од опозицијата уште решаваат дали ќе го следат годишното обраќање на Иванов.

Тие наредните денови ќе ја донесат и главната одлука – дали повторно ќе се вклучат во работата на парламентот.

Лани, бидејќи Собранието сè уште не беше конституирано, Иванов обраќањето го направи во неговата резиденција.

Во 2015 година, пак, Иванов обраќање го одржа пред полупразен парламент, односно во отсуство на пратениците на СДСМ и на ДУИ.

Тогаш тој повика на обединување и на ставање крај на политичката криза и оцени дека 2016 година ќе биде тест за Македонија.