Македонија Иванов изрази сочувство до семејствата на загинатите во сообраќајката кај Ласкарци

Иванов изрази сочувство до семејствата на загинатите во сообраќајката кај Ласкарци

Претседателот на државата Ѓорге Иванов изрази сочувство по сообраќајната несреќа кај селото Ласкарци во која загинаа 14 лица.

-Со длабоко жалење и тага ја примив веста за трагичната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Тетово, што се случи попладнево. Во овие тажни мигови дозволете да изразам најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите патници. Моите мисли се со нив. На повредените им посакувам што побрзо закрепнување – вели Иванов.

Длабоко жалење за несреќата изрази и бугарскиот премиер Бојко Борисов и упати сочувство до семејствата на загинатите патници и желби за побрзо оздравување на повредените.