Македонија Иванов го прими Волерс на проштална средба

Иванов го прими Волерс на проштална средба

Денеска, на проштална средба, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, го прими амбасадорот на Соединетите Американски Држави, Пол Волерс.

На средбата, како што соопштија од кабинетот на Иванов, двајцата соговорници изразиле задоволство од одличните билатерални односи и од долгогодишното стратегиско партнерство меѓу Република Македонија и САД.