Македонија Иванов ги запознал ЕУ-амбасадорите со мотивите за одлуката за помилување

Иванов ги запознал ЕУ-амбасадорите со мотивите за одлуката за помилување

Претседателот Ѓорге Иванов имаше средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија во Република Македонија, соопштија од кабинетот на претседателот.

На средбата Иванов ги запознал амбасадорите со мотивите и со целта што сакал да ја постигне со одлуката за помилување, односно ослободување од гонење без спроведување постапка, како и со контекстот и со сите аспекти поради кои е донесена одлуката.

Амбасадорите ги изнеле позициите и загриженоста на земјите што ги претставуваат во врска со одлуката и со политичката криза.

На средбата, исто така, биле разгледани и состојбите со мигрантската и со безбедносната криза, како и предизвиците што произлегуваат  од нив.

Засега не се откриваат повеќе детали од разговорите, кои се случуваат неколку дена пред одржувањето на лидерската средба во Виена, која треба да послужи за спасување на Договорот од Пржино.

На средбата во Виена ќе присуствуваат еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит, како и амбсадорите на САД и на ЕУ во Македонија, Џес Бејли и Аиво Орав.