Македонија Иванов до Жбогар: Политичката криза се должи и на статус кво состојбата...

Иванов до Жбогар: Политичката криза се должи и на статус кво состојбата со евроинтеграциите

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска се сретна со амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар, кој му го врачи Извештајот за напредокот на Република Македонија за 2016 година и го информираше за клучните оценки содржани во извештајот, подготвен од Европската комисија.

Македонскиот претседател на средбата посочи на неопходноста за промена на статус кво состојбата, во контекст на отворањето на пристапните преговори за членство на земјава во Европската Унија.

„Постојаните политички кризи во кои се наоѓа Република Македонија во голема мера се должат на предлогата статус кво состојба во интеграциите.‎ Сметам дека предвремените парламентарни избори ќе бидат можност за излез од кризата, но само доколку по изборите се деблокираат евроинтеграциите. Секое понатамошно одложување на овој процес сериозно ќе влијае на темпото на реформите, на нивото на политичка култура во државата и на културата на дијалог и на компромиси. Верувам дека Унијата ќе го исправи досегашниот погрешен пристап кон Македонија“, му порачал претседателот Иванов на Жбогар.