Македонија Иванов: Да продолжиме да градиме праведно општество, темелено врз мирот, вистината и...

Иванов: Да продолжиме да градиме праведно општество, темелено врз мирот, вистината и врз слободата

Претседателот Ѓорге Иванов во својот новогодишен говор им порача на граѓаните да им посветат љубов и внимание на семејствата, на децата, на соседите и на пријателите, да бидат солидарни кон болните, немоќните и кон секој што има потреба од поддршка и од помош. Исто така, посака да сите да бидеме благодарни кон храбрите чувари на нашата безбедност, поради кои и вечерва Македонија може мирно и безгрижно да прославува.

„Имаме историска одговорност пред нашите потомци да им ја оставиме Македонија посилна и поуспешна отколку што ја наследивме од нашите предци. Затоа, сплотени, со чувство за државност и за сувереност, да продолжиме да ја градиме Македонија според највисоките европски вредности, стандарди, критериуми. Да продолжиме да градиме праведно општество темелено врз мирот, вистината и врз слободата. Да си простуваме и да се почитуваме. Да бидеме и упорни и трпеливи. И, во сè што правиме, да се престигнуваме во добрина. Празниците што ни доаѓаат во секој наш дом нека донесат семејна радост, љубов и среќа.  Да имаме мир, напредок и успех насекаде и за секого“, порача Иванов.