Дописници Италијанскиот професор Енцо Палмиери, гостин-предавач на Земјоделскиот факултет во Штип

Италијанскиот професор Енцо Палмиери, гостин-предавач на Земјоделскиот факултет во Штип

Италијанскиот професор на Универзитетот во Падова, Енцо Палмиери, денеска ќе биде гостин-предавач на Земјоделскиот факултет во Штип.
Проф. Енцо Палмиери е раководител на лабораторијата за третман на површини и директор на Националните лаборатории од Лењаро на Националниот институт за нуклеарна физика (Италија). Палмиери е директор на мастер-програмата „Третман на површини за индустриска апликација“ на Универзитетот во Падова (Италија). Своето образование го има стекнато во ЦЕРН (Женева, Швајцарија).

Предавањето ќе почне во 11 часот.