Забава Истребени змии во Австралија повторно се појавија

Истребени змии во Австралија повторно се појавија

Змиите со латински назив „аипусурус апраефронталис“ се истребени од своето природно живеалиште, Тиморското Море, меѓу 1998 и 2002 година, меѓутоа овој месец повторно се појавиле и тоа во близина на брегот на Австралија.

Уште во 2013 година научниците ја известија јавноста за алармантното намалување на популацијата на змиите во Ашмор риф, каде обично можеле да се видат 45 змии дневно. Тој број до 2010 година опадна значително, односно дневно можеше да се види само по една змија.