Ctrl - Z Испробајте ја Star Citizen бесплатно преку новите Free Fly евенти

Испробајте ја Star Citizen бесплатно преку новите Free Fly евенти

Фото: robertsspaceindustries.com

Star Citizen е повеќе вселенска симулација одошто обична игра. Импресивната графика што ја има ги надминува сите други игри со вселена. Девелоперот Cloud Imperium Games веќе со години работи на играта и неодамна објавија две нови видеа за развојот на играта и понудата за бесплатно испробување на играта за време на алфа тестирањето преку евенти наречени Free Fly. Еден таков евент започнува утре, 18 август.

Интересна е паралелата на бирањето на името за играта бидејќи терминот Star Citizen е многу сличен со терминот на астрономот Карл Саган (Carl Sagan) во Космос (Cosmos) серијалот каде себеси се нарекува и ословува како Citizen of the Cosmos (Граѓанин на космосот). Единствениот голем неизбежен пропуст на играта е што бара навистина силен компјутер и за жал не е подржана од Ge Force Now(GFN).

Еве како изгледа играта според најновото видео: 

Исто така важен дел од играта ќе биде и интеракцијата со други играчи најчесто преку PvP (Player vs Player). Во оваа игра можете да излезете од леталото и да играте со пушки и лансирачи на ракети – тој дел од играта потсетува на најновите Doom игри. Но PvP-то најчесто се одвива со летање на вселенски бродови во вселена и така е поставено да нема импакт на економијата во играта со истакнување на натпреварувачката страна на играта.

Star Citizen има 3,2 милиони регистрирани играчи, но тоа ги вклучува и играчите што не плаќаат туку ги играат само Free Fly евентите. А, за да учествувате во евентите доволно е да се регистрирате на главниот сајт.  

Исто така има и подолго видео за тоа како изгледа изработувањето на играта внатре во фирмата и како е сето тоа организирано, што е корисно за млади луѓе кои се заинтересирани да прават игри или да работат во фирма што би правела игри: