Свет Европа Исланд доби нов премиер по аферата „Панама пејперс“

Исланд доби нов премиер по аферата „Панама пејперс“

Исландската владејачка коалиција од десниот центар одлучи за нов премиер да го именува Сигурдур Инги Јохансон, соопштил пратеникот на Прогресивната партија, Хоскулдур Торхалсон.

Именувањето следувало откако поранешниот премиер Сигмундур Гунлаугсон ја напушти функцијата по аферата „Панама пејперс“, која откри дека неговата сопруга има фирма поврзана со пропаднатите исландски банки, што предизвика масовни протести.