Свет Исламска држава убила стотици заложници јесиди во Ирак

Исламска држава убила стотици заложници јесиди во Ирак

Милитанти на Исламска држава (ИД), во петокот убиле неколку стотини јесиди, кои биле држени како заложници западно од ирачкиот град Мосул, јавува „Би-Би-Си“.

Од Јесидската напредна партија изјавиле дека станува збор за околу 300 заложници, кои биле убиени во областа Тал Афар во близина на Мосул.

Ирачкиот заменик-претседател Осама ал-Нујаифи, убиствата ги опишал како „страшни и варварски“.

Како што пренесува „Би-Би-Си“, илјадници припадници на малцинската верска група минатата година биле земени како заложниц и од ИД.

Јесидите, чија религија вклучува елементи од повеќе вери, од ИД се сметаат за „неверници“ и се нивна честа цел.