Свет Исламистички бунтовници ја зазеле воздухопловната база во Идлиб во Сирија

Исламистички бунтовници ја зазеле воздухопловната база во Идлиб во Сирија

Сириски бунтовници поврзани со Ал Каеда, по двегодишна опсада ја презеле контролата на една од клучните воздухопловни бази во провинцијата Идлиб, во северозападниот дел на земјата, соопштила сириската државна телевизија, пренесува „Би-Би-Си“.

Воздухопловната база Абу ал-Духур, беше последното упориште на режимот во Дамаск во провинцијата, која е под речиси целосна контрола на бунтовниците.

Милитантите кои стојат зад нападот се верува дека се дел од коалицијата на ислимистички групи, вклучувајќи ги сирискиот разгранок на Ал каеда и фронтот Ал нусра.