Свет Европа Исламист во Франција застрелал двајца полицајци при апсење

Исламист во Франција застрелал двајца полицајци при апсење

Радикален исламист денеска ранил двајца полицајци на францускиот остров Реуниот, јавуваат светските медиуми.

Осомничениот, за кој се верува дека има околу 20 години, пукал во полицајците додека се обидувале да го уапсат, соопштија француските власти.

Тој одбил да ѝ се предаде на полицијата, по што отворил оган од пушка и ранил двајца полицајци.

Полицијата соопшти дека го ставила „под контрола напаѓачот“ и додаде дека човекот „наводно преминал во ислам“.