Свет Европа Исламист со нож нападна војник во Париз

Исламист со нож нападна војник во Париз

Маж вооружен со нож, извикувајќи „Господ е голем“ (Алаху акбар), утринава околу 6.30 часот нападна француски војник кој патролирал пред метро-станицата Шателет во Париз, соопшти француското Министерство за одбрана.

Како што јавуваат француските медиуми, напаѓачот му дошол од зад грб на војникот и го нападнал извикувајќи „Господ е голем“. Војникот некако успеал да го совлада напаѓачот и почекал да дојде полицијата, која го привела.

Ова е последен од серијата напади на безбедносните трупи на Франција кои патролираат на места кои се мета на терористички напади. Досега во неколкуте напади на исламистичките терористи во Франција загинаа повеќе од 230 лица.