Подглавна секција Искршено стаклото на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград

Искршено стаклото на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград

исечок од фотографија објавена од ОМО “Илинден”- ПИРИН / Фејсбук

Доцна синоќа било скршено стаклото на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, Република Бугарија. Според бугарските медиуми, кон клубот биле фрлани повеќе камења при што било искршено надворешното стакло.

Вандализмот бил пријавен во 21:40 часот во локалната полициска станица. Македонскиот клуб бил отворен пред неколку месеци на улицата Димитар Димов, без никакви провокации, објави сервисот на Бугарското национално радио (БНР) од Благоевград.

Mакедонскиот клуб во Благоевград беше отворен на 30 октомври лани, кога на отворањето присуствуваа лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и на Левица Димитар Апасиев, како и генералниот секретер на претседателскиот кабинет Миле Бошњаковски.

Организацијата на Македонците во Бугарија ОМО „Илинден“ – Пирин бара од тамошната полиција да го истражи случајот.