Македонија Искршени прозорците на штаб на СДСМ во Арачиново

Искршени прозорците на штаб на СДСМ во Арачиново

Од непознато возило во движење, непознати лица фрлиле разни предмети кон прозорците при што искршиле четири прозори од партискиот штаб на СДСМ во Арачиново. Случајот го пријавил во полиција И.Ф. од Арачиново, кој е сопственик на куќата каде што се наоѓа партискиот штаб, а според полициските информации, настанот се случил околу 5 часот утрово.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.