Свет ИСИС обезглави уште еден Американец

ИСИС обезглави уште еден Американец

Питер Касиг

Милитантната група Исламска држава, која се бори во Ирак и во Сирија, го обезглави американскиот хуманитарен работник Питер Касиг.

Касиг е убиен, иако, откако минатата година беше киднапиран во Сирија, премина во ислам, јавува „Би-Би-Си“.

ИСИС во октомври објави видеоснимка на која се гледа убиството на британскиот хуманитарен работник Ален Хенинг, а исламистите се заканија дека ќе го обезглават и Касиг.

Дваесет и шестгодишниот Касиг е поранешен воен ренџер, кој во Турција ја основаше хуманитарната организација СЕРА, за да им помага на бегалците од Сирија и да го снабдува бегалските кампови со храна и со медицинска опрема.

Исламската држава на снимката прикажа и обезглавување на најмалку 15 мажи, за кои тврди дека се припадници на сириската војска.