Хроника Исчезната жена пронајдена мртва во реката Пчиња

Исчезната жена пронајдена мртва во реката Пчиња

Безживотно тело на жена која пред еден месец била пријавена за исчезната, пронајдено е вчера во водите на реката Пчиња, во атарот на кумановското село Војник, соопшти денеска МВР.

Случајот го пријавил случаен минувач, кој вчера околу 16.30 часот го забележал телото во водите на реката.

Починатата, која била родена во 1941 година, била жителка на селото Младо Нагоричане.

Екипи на територијалната противпожарна единица го извадиле телото на починатата од реката, а увид извршила увидна екипа на СВР Куманово.
По наредба на основен јавен обвинител, телото е предадено за обдукција.