Свет Свет Исчезна малезиски воен авион

Исчезна малезиски воен авион

Во тек е потрага по малезискиот воен авион што исчезна денеска.

„Авионот полетал од воената база Куантан во 11 часот (по локално време), а контактот со леталото е изгубен во 11.30“, јави телевизија „Ченел њуз Азија“.

Веста за исчезнувањето на воениот авион ја потврди и министерот за одбрана Хишамудин Хусеин, кој рекол дека се надева дека пилотите се безбедни.