Свет Иранскиот претседател побара да им се суди на напаѓачите на саудиската амбасада

Иранскиот претседател побара да им се суди на напаѓачите на саудиската амбасада

Судските власти во државата итно да процесуираат 50 осомничени за учество во напад врз саудиската амбасада во Техеран, побара иранскиот претседател Хасан Рохани.

Во писмо до судските власти тој наведува дека мора да бидат казнети извршителите и организаторите на тоа злосторство.

Ирански дипломати вчера ја напуштија Саудиска Арабија откако Ријад ги прекина врските со официјален Техеран по нападот врз саудиското дипломатско претставништво во Иран.

Официјален Ријад го откажа и авиосообраќајот откако демонстранти во Техеран ја запалија саудиската амбасада и конзулатот во Машад.

Протестите беа одоговор на тоа што Саудиска Арабија изминатиот викенд го ликвидира шиитскиот свештеник Нимр ал-Нимра организатор на шиитски протести во 2011 година.