Свет Свет Иранскиот лидер е новиот Хитлер на Блискиот Исток, тврди саудискиот принц Бин...

Иранскиот лидер е новиот Хитлер на Блискиот Исток, тврди саудискиот принц Бин Салман

Саудискиот принц престолонаследник, Мухамед бин Салман, изјави дека врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хаменеи, е „новиот Хитлер на Блискиот Исток“.

Бин Салман, кој е саудиски министер за одбрана, за „Њујорк тајмс“ изјави дека треба да се стави крај на експанзијата на Иран.

– Но, ние научивме од Европа дека смирувањето не функционира. Не сакаме новиот Хитер во Иран да го повтори на Блискиот Исток тоа што ѝ се случи на Европа – рече саудискиот принц.

Тој додаде дека за Ријад е најважно на внатрешен план да ги зајакне својата сила и економија.