Свет Иран сака потесна соработка со Европа за бегалската криза

Иран сака потесна соработка со Европа за бегалската криза

Иранскиот министер за внатрешни работи, Абдул Реза Рахмани-Фазли, ѝ нуди на Европа соработка во совладувањето на бегалската криза.

Тој во изјава за новинарите во Виена рече дека бегалците сè повеќе стануваат меѓународна тема и дека досега нема сериозна соработка со Европа.

Рахмани-Фазли оцени дека за бегалската криза и за воспоставувањето мир во регионот е неопходна „колектива соработка“ и додаде дека сè додека нема безбедност во регионот, бранот бегалци ќе продолжи да се зголемува.

Според него, за време на бегалската криза, поголем број Авганистанци, кои долго време живееле во Иран, тргнале на пат кон Европа.

Иранскиот министер укажа дека неговата земја во изминатите три децении примила три милиони Авганистанци, како и дека 1,5 милиони бегалци од соседната држава се интегрирани, што е огромна задача за земја од 80 милиони жители.

Тој додаде дека Иран разговарал со авганистанската влада за подготовка на враќање на државјаните во Авганистан.