Свет Иран по морски пат ќе доставува храна во Катар

Иран по морски пат ќе доставува храна во Катар

Иранските власти соопштија дека ќе извезуваат храна во Катар по морски пат, затоа што Саудиска Арабија и три други земји ги прекинат дипломатските односи со Катар, обвинувајќи дека земјата која е богата со нафта поддржува тероризам.

Иранската агенција „Фарс“ го цитира шефот на унијата на извозници на земјоделски производи, Рез Нурани, кој рекол дека бродовите од Иран до Катар можат да стигнат за 12 часа.

Катар увезува храна по копнен пат преку Саудиска Арабија. Светските агенции известија дека камиони со храна веќе се блокирани на границата на Саудиска Арабија, бидејќи не им е дозволено да ја минат границата кон Катар.

Саудиска Арабија, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Јемен, како и Египет ги прекинаа дипломатските односи со Катар.