Свет Свет Иран очекува укинување на сите санкции

Иран очекува укинување на сите санкции

Иранскиот врховен духовен водач Али Хаменеи денеска изјави дека светските сили со договорот за нуклеарната програма на Иран мораат да ги укинат санкциите кон неговата земја, а не само да ги суспендираат.

Ајатолахот Хаменеи во обраќањето пред групата свештеници рече дека „нема да има договор“ ако не се укинат санкциите.

Иран и шесте светски сили (САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија) на 14 јули во Виена постигнаа историска спогодба со која се ограничува иранската нуклеарна програма во замена за меѓународните санкции кон земјата.