Свет Иран нема да прифати преговори под закана

Иран нема да прифати преговори под закана

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, денеска изјави дека официјален Техеран нема да прифати преговори за иранската нуклеарна програма под закана.

– Преговарање за нуклеарната програма на Иран со светските сили, во сенка на закана е неприфатливо за Техеран. Нашата нација тоа нема да го прифати – рече Хамнеи за иранската телевизија „Прес ТВ“.

Изјавата на ајатолахот доаѓа во време кога иранскиот врв и светските сили се обидуваат да постигнат краен договор за нуклеарната програма на Иран.