Свет Иран ја обвини Саудиска Арабија за запоставување на луѓето кои оделе во...

Иран ја обвини Саудиска Арабија за запоставување на луѓето кои оделе во Мека

Иран бара од Саудиска Арабија да вложи поголем напор во потрагата по 344 верници кои сè уште се водат како исчезнати, а се државјани на Иран.

Станува збор за верници кои се водат како исчезнати по човечкото стампедо што настана на аџилакот во градот Мина во близина на Мека на 24 септември. Според иранските надлежни служби, досега имаат податоци за 136 загинати и 102 повредени нивни граѓани. Вкупниот број на загинати достигна до 717.

Иран најави дека ќе испрати свој министер, кој ќе ја предводи делегацијата во Саудиска Арабија и кој ќе ја надгледува мисијата за потрага по исчезнатите и евидентирањето на загинатите и на повредените.

Иранските лидери упатија остра критика до саудиските власти, обвинувајќи ги за лошо менаџирање на состојбата и за запоставување на луѓето.