Свет Иран го условува потпишувањето на договорот со отстранувањето на санкциите

Иран го условува потпишувањето на договорот со отстранувањето на санкциите

Официјален Техеран ќе го потпише финалниот договор со шесте големи светски сили за нуклеарната програма само ако се укинат санкциите, соопшти претседателот на Иран, Хасан Рохани.

Иранскиот претседател бара дента кога ќе биде потпишан договорот, веднаш да се тргнат санкциите, додавајќи дека на тој начин сите потписнички ќе имаат корист.

Минатата недела Иран и шесторката постигнаа рамковен договор за нуклеарната програма на Техеран.