Свет Иран бомбардираше цели на ИСИС во Ирак

Иран бомбардираше цели на ИСИС во Ирак

Иран почна воздушни напади врз џихадистите на Исламска држава на истокот од Ирак, соопшти денеска Пентагон.

Портпаролот на Пентагон, контраадмирал Џон Кирби, соопшти дека САД веруваат оти Техеран првпат извел воздушни напади од Иран на цели во Ирак.

– САД не ги контролираат воздушните напади и воените активност на Иран – соопшти Кирби.

Иранските воени лидери соопштија дека десетина борци се наоѓаат во Ирак и се борат заедно со курдските сили против екстремистите на ИСИС.