Свет Свет Ирак: Курдите бараат финансиска помош за борбата против ИД

Ирак: Курдите бараат финансиска помош за борбата против ИД

Високиот курдски претставник, Мансур Барзани, денеска ја повика меѓународната заедница финансиски да ја помогне борбата против Исламска држава и наведе дека е „вистинско чудо што неплатените курдски сили сè уште се наоѓаат во првите борбени линии“.

Шефот на регионалниот Совет за безбедност рече дека регионалната влада се бори да им исплати плати на доброволците поради спорот со Багдад за нафтените приходи, ниската цена на нафтата и економската криза.

Курдските доброволци се блиски сојузници на САД и се меѓу најефикасните борци против Исламска држава.

Барзани изјави дека „распишувањето референдум за прогласување независен курдски регион во Ирак е во план, но дека независноста нема да биде прогласена ваднаш“.

Мансур е син на Масуд Барзани, лидер на ирачкиот автономен курдски регион.