Свет Ирачки авион по грешка фрли бомба врз Багдад

Ирачки авион по грешка фрли бомба врз Багдад

Дванаесет лица загинаа откако ирачки воен авион случајно испуштил бомба над Багдад.

Портпаролот на војската, Ман Ибрахим, изјави дека техничка грешка довела до тоа авионот, марка „сухој“, да се расипе и да испушти бомба.

Авионот, кој е еден од неколкуте „сухои“ што ги користат ирачките сили во борбата со милитантите од Исламска држава, се враќал во базата кога се случил инцидентот.