Свет Балкан ИОМ: Зa три дена во Грција пристигнале околу 24.000 бегалци

ИОМ: Зa три дена во Грција пристигнале околу 24.000 бегалци

Меѓународната организација за миграција (ИОМ) денеска соопшти дека околу 24.000 мигранти и бегалци стигнале во Грција од 30 октомври до 1 ноември.

Бројките што ги доставила грчката полиција покажуваат дека на 30 октомври пристигнале нови 10.842 бегалци, на 31 октомври дошле 8.998, додека на 1 ноември се регистрирани нови 4.292 бегалци и мигранти.

Разликата во бројките е поврзана со временските услови, односно разбрануваното море го намалува бројот на бегалците и на мигрантите кои можат сигурно да патуваат од Турција, соопшти ИОМ.