Македонија Интерпол трага по 25 Македонци

Интерпол трага по 25 Македонци

потарници на Интерпол

Меѓународната полиција Интерпол има распишано 25 потерници за македонски државјани, пишува весникот „Дневник“ .

Најмладиот на „црната листа“ на Интерпол има 27 години, додека најстариот 67 години. Потрагата по нив е распишана поради истрага или издржување затворски казни во Хрватска, Словенија, Словачка, Германија, Албанија, САД, Данска, Бахреин и во Романија.

Најмногу потерници за македонски државјани има распишано Националното биро на Интерпол во Хрватска, кое трага по седум државјани на Македонија, од кои еден се товари за убиство, а останатите за злосторничко здружување, разбојништво, имама и за трговија со дрога.