Економија Интернационална обука за подобрување на работните вештини кај младите

Интернационална обука за подобрување на работните вештини кај младите

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во рамките на караванот „Еразмус плус“, кој е во тек, организира низа активности, обуки, семинари и работилници во насока на зајакнување на знаењата и на вештините и на имплементирање нови образовни техники и методи за младите.

Подобрување на работните вештини, стекнување интернационални искуства и подобрување на конкурентноста на работната сила на интернационалните пазари, се главните цели на обуката што се одржа во Скопје. На обуката присуствуваа претставници од Македонија, Бугарија, Албанија, Франција, Словачка, Чешка, Литванија и од Австрија.

– Подигнувањето на квалитетот на работната сила, особено на младите во Македонија е основа за економски и за општествен развој. Нашите цели се токму во насока на обезбедување можности за стекнување вештини и знаења што кореспондираат со високите критериуми на глобалниот пазар – изјави Дарко Димитров, директор на Националната агенција за европско образование и за мобилност.

Во тек е и новиот конкурс за апцилирање за програмите што ги нуди „Еразмус плус“, за чија реализација Европската комисија стави на располагање 4,7 милиони евра.

Конкурсот е објавен на интернет-страницата на Националната агенција за европски образовни програми и за мобилност.