Подглавна секција Интерактивна мапа со податоците за корона вирусот во Македонија според урнекот на...

Интерактивна мапа со податоците за корона вирусот во Македонија според урнекот на Џон Хопкинс универзитетот

Бројот на лица во земјава заболени од корона вирусот, од кои градови се, каде се лекуваат, колку се излечени досега и други релевантни и официјални податоци може да се следат на едно место преку веб-апликацијата која денеска ја објави македонската компанија ГДИ.

Мапата е копија на оригиналната мапа на „Џон Хопкинс“ универзитетот од САД, кој ги има ставено податоците и изгледот на мапата на располагање на сите заинетересирани страни.

На линкот може да се следат сите официјални информации кои ги објавува Министерството за здравство, а страницата се ажурира во реално време. Од компанијата најавуваат дека веќе работат и на мобилната верзија на апликацијата, а целта им е таа да биде што подостапна за граѓаните. Од апликацијата има и директен линк до страницата на Министерството за здравство.

Според генералниот директор на ГДИ, Дејан Крстевски, оваа апликација ја имаат и другите држави во регионот.

„Во овие моменти на криза, сакаме да помогнеме населението и институциите вистински и во реално време да ја следат состојбата со развојот на вирусот во Македонија. Кога ќе се уредат сите просторни податоци на едно место, полесно е да се избегне кризата и да се донесат вистински одлуки. Овозможува едноставен и прегледен приказ во служба на информирање на јавноста, но пред се е корисна алатка за оние кои носат одлуки и мерки за сузбивање на вирусот“, вели Крстевски.